TEDxBaSSalon за отворени податоци и хакерското движење
Петтиот по ред TEDxBaSSalon настан на тема “Open Data & the Hacking movement” се одржа во просториите на Бизнис академија Смилевски. Беа споделени успешни примери за искористување на отворените податоци (open data), едуцирање на учесниците за предностите на „граѓанското хакирање“, отворениот пристап на информации и хакирањето како алатка за решавање на нашите секојдневни и општествени проблеми.
Според Ратко Трајковски, кој учествуваше на настанот, ова е одлична можност за млади интелектуалци кои сакаат да ги прошират своите хоризонти. „Содржината на дискусиите, дебатите, па и несогласувањата се одличен материјал за сите “food for thought” зависници“, вели Ратко.
Со него се согласува и Бојан Ристовски, кој смета дека на овој начин се споделуваат идеи кои сплотуваат. „Во кратки црти: носи зближување на интелектуалци и луѓе со огромно искуство како и будење на граѓанска иницијатива“, вели Бојан.
Почесни гости на настанот беа м-р Предраг Тасевски, основач на Cybersecurity.mk, Горан Ризаов и Дона Џамбаска, претставници на Фондацијата Метаморфозис, а модератор беше Дамјан Николовски.
На настанот беа прикажани TED говори поврзани со open data & the hacking movement, а по секој од нив почесните гости и публиката дискутираа на темите и споделуваа идеи.
Leave a Reply