Обука за отворени податоци со претставници од ЗИП Институтот

October 8, 2015 in Блог, Македонски

3c4973a993a3b925d319d45095dd081eca32265db8f5c24e5b1245f2b8ce60b8

Основи на Отворените податоци, пронаоѓање, чистење и анализа на податоци во Ексел и визуелизација на податоци се темите кои беа опфатени на последната еднодневна обука на Претставници на ЗИП Институтот во просториите на Фондацијата Метаморфозис.

Обуката се одржа како подготовка за реализација на предлог проектот на ЗИП Институтот: „Rate.me – Систем за известување за услугите на угостителските објекти“ со кој беа победници на Конкурсот за поддршка на проекти поврзани со отворени податоци кој го објави Фондацијата Метаморфозис. Целта е да ги соберат позитивните и негативните практики од угостителските објекти во Македонија каде се служат храна и пијалоци. Потребни им се податоците за издадени дозволи за угостителски објекти, категориите на кои тие припаѓаат како на пример, ноќни клубови, барови, диско клубови итн.

Воедно сакаат да ги вклучат и податоците за изречените казни за угостителските објекти и за инцидентите кои се случиле на овие места вклучувајќи ги и повредите на законските норми.

Покрај ЗИП, добитник на Конкурсот е и идејата на ИКТ за промени, кои ќе работат на проектот наречен „Data journalism – Систем за истражување врз основа на јавните набавки во РМ“. Тие предложија да ги собираат податоците од електронскиот систем за јавни набавки, кои се јавно достапни, да ги организираат и презентираат на начин кој ќе биде корисен за новинарите во Македонија.

Коалицијата на здруженија на граѓани – „Сите за правично судење“ ќе работи на проект базиран на Отворени податоци за транспарентно судство. Тие веќе поседуваат своја база на податоци од 12 годишниот мониторинг на судството во Македонија која сакаат да ја отворат и да ја направат јавно достапна преку изградба на нова веб-страница.

3fbc2e0cf5d6324ec1da49e2024d7337ed5ea4d4c5aed86ff568726dfba83bdaИнститутот за развој на руралните заедници – ИРРЗА, за чии потреби веќе беше одржана обука, ќе собира податоци од Националната програма – директни плаќања во земјоделството и ИПА-ИПАРД проектите во Македонија, кои потоа ќе ги сортира, анализира и објави на нивната веб страница.

Конкурсот е во рамки на проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“, кој се спроведува во соработка со Open Knowledge Foundation, а чија цел е градење на капацитети на граѓански организации за промоција на отворена агенда, преку формирање на Школа за податоци – Македонија.

Flattr this!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *