Отворените податоци – заеднички интерес на граѓанските организации и медиумите

November 6, 2015 in Блог, Македонски

meetup

Фондацијата Метаморфозис и Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) организираат неформална средба на граѓански организации, новинари и заинтересирани граѓани, каде што ќе се дискутира за важноста на отворените податоци и за можностите за соработка по овие прашања меѓу граѓанскиот сектор, граѓаните и медиумите.

На настанот ќе се дискура јавниот интерес за што поголем број отворени податоци во Македонија, потенцијалот и постојните иницијативи за поврзување на граѓанските организации и медиумите по овие прашања. Учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе информации за базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“, која опфаќа податоци за преку 130 објекти изградени во рамките на владиниот проект „Скопје 2014“, добиени преку пристапот за информации од јавен карактер коишто преку оваа база на податоци се достапни за натамошна употреба.

Настанот ќе се одржи на 10 ноември (вторник) со почеток од 17:30 часот во просториите на Coffice. Ги покануваме сите заинтересирани граѓани, претставници на граѓанскиот сектор и новинари да го потврдат своето учество на настанот преку пријавување на следниве адреси: dona @ metamorphosis.org.mk и riste.zmejkoski @ birn.eu.com.

Средбата е организирана во рамките на Проектот мрежа на граѓански организации за отворени податоци, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис, поддржан од Британската амбасада во РМ, а спроведуван во партнерство со Open Knowledge Foundation и Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор, имплементиран од БИРН како дел од Програмата на УСАИД за јакнење на независните медиуми во Македонија.

Flattr this!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *