Одбележување на денот на отворените податоци
Денот на отворените податоци претставува собир на поединци, организации и новинари низ целиот свет кои ќе имаат можност да дискутираат, научат повеќе и да споделат искуства за употребата на различните типови на отворени податоци.
Метаморфозис ве поканува да бидете дел од првото одбележување на Денот на отворените податоци во Македонија, на 21 февруари во ГЕМ клубот со почеток во 12 часот. Ќе имаме шанса да поразговараме за моменталната состојба со отворените податоци кај нас и во светот, да споделиме неколку успешни приказни и да подискутираме за актуелноста и важноста на отворените податоци.
Меѓу другото, ќе ја споделиме и можноста за аплицирање на конкурсот за добивање на 9 месечна стипендија од програмата School of Data (Школа за податоци) на Open Knowledge Foundation.
Вашето присуство потврдете преку е-Пошта, телефонски или преку приклучување на Фејсбук настанот.
Лице за контакт:
Дона Џамбаска
е-Пошта: [email protected]
Телефон: 02/ 3109 325
Мобилен телефон: 070/ 956 534
Leave a Reply