Често поставувани прашања

Која е целта на Школата за податоци?

Идејата на Школата за податоци е на граѓанските организации, новинарите и граѓаните да им ги понуди вештините кои им се потребни за поефективна употреба на податоците во нивните напори за создавање на поправично и ефикасно општество.

Која е потребата од Школа за податоци?

стикер школа за податоци

Постои огромен потенцијал во употребата на (отворените) податоци за подобрување на животот на граѓаните, особено во зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на владата.

Сепак, многу од групите кои се најблиску до проблемите, граѓанските организации, новинарите и граѓаните, во моментов немаат доволно вештини за ефикасно користење на податоци, а дури и свеснот за потенцијалот на податоците и како тие би можеле да ја подобрат нивната секојдневна работа и ефиканост.

Мисијата на Школата за податоци е да ги научи луѓето како да се здобијат со потребните знаења кои ќе им помогнат во креирањето на моќни приказни преку употреба на податоци.

За кого е Школата за податоци?

За секого!

Школа за податоци е заедница и луѓе од секаква позадина се добредојдени да допринесат! Се надеваме дека Школата за податоци ќе се покаже корисна за граѓанските организации, новинарите и сите оние кои користат податоци во нивната работа.

Дали е бесплатно?

Сите наши онлајн материјали се бесплатни и изградени од нашата заедница. Тие се издадени под лиценцата CC-BY-SA, што значи дека секој може да ги употреби, реупотреби и редистрибуира истите.

Дали Школата за податоци – Македонија нуди обуки?

Да! Школата за податоци – Македонија нуди различни нивоа на обуки, почнувајќи од основно па се до најнапредно ниво. Нашите обуки се приспособени според потребите на учесниците.

Доколку сте заинтересирани за обуките кои ги нуди Школата за податоци – Македонија контактирајте не!

Кој е позади Школата за податоци?

Школата за податоци (School of Data) е програма на Open Knowledge Foundation (OKFN) и Peer 2 Peer University (P2PU). Други организации, од различни земји, се добредојдени да се придружат. Така, Школата за податоци – Македонија е водена од Фондацијата Метаморфозис.

### Дали Школата за податоци – Македонија работи на одржување на заедницата?

Со цел поврзување на сите оние кои се заинтересирани во (отворени) податоци и ја разбираат моќта која тие ја кријат, или пак оние кои сакаат да го споделат своето искуство од употребата на (отворените) податоци, или можеби едноставно сакаат да се поврзат со некој со кој подоцна заедно ќе „водат битки“ – Школата за податоци – Македонија организира редовни средби од секаков тип.

Покрај редовните средби, ве покануваме да се приклучите на мејлинг листата на која ќе добивате редовни новости во врска со активностите на Школата за податоци – Македонија, како и ќе може да се приклучите на разговори со остатокот од заедницата!

Comments are closed.