Курсеви

Школата за податоци има цел вашето учење да го направи колку е можно поприспособено на вашите потреби, преку користење независни модули за учење. Модулите за учење се самостојни и може да се учат комбинирано во кој било редослед. За вашето искуство да биде уште полесно, модулите ги поделивме во серија од курсеви, на кои фокус им се основите на употребата на податоци, како и развивањето специфични вештини. Откако ќе го идентификувате курсот за кој сте заинтересирани, притиснете на копчето „Прикажи модули“ за да ги видите и отворите модулите што потпаѓаат под тој курс.

Основи на податоци

Овој модул обезбедува солиден преглед на работниот тек при употребата на податоци, водејќи ве низ целиот процес, почнувајќи со објаснувањето на тоа што се податоци, па сè до тоа како да ги употребите вашите податоци за да раскажете приказна. Курсевите наведени подолу се препорачува да се разгледуваат како целина и претставуваат брз преглед на различните елементи при работењето со податоци.

Што се податоци?

2Овој курс дава краток вовед во светот на податоците. Ако сте на почетокот на своето патување низ оваа прекрасна земја, овој курс е за вас. Овој курс ги опфаќа основните концепти, различните типови на податоци и дава вовед во машински читливите податоци.

 

 

 

Наоѓање на податоци

3Не знаете каде да започнете со барањето на податоци? Овој дел ви дава вовед во порталите за податоци и различните извори на податоци.

 

 

 

Сортирање и филтрирање: Основи на табеларните пресметки

4Значи, го најдовте и преземавте вашиот податочен сет? Што следно? Курсот за сортирање и филтрирање ве запознава со една моќна алатка за управување со податоци: табеларни пресметки. Овој курс, преку употребата на Google Spreadsheets, ве запознава со основните функции, а како  и со начините на сортирање и филтрирање на податоци.

 

 

Математиката што треба да ја совладате пред да почнете

5Ве загрижуваат сиве овие бројки? Овој курс ќе ви помогне во освежување на основните математички функции и правила.

 

 

 

„Но, што значи тоа?“: Анализа на податоци (продолжение на упатството за табеларни пресметки)

6Се прашувате како податоците да почнат да добиваат смисла? Курсот за основни анализи на податоци ќе ви помогне да разберете што всушност претставуваат вашите податоци. Во курсот се претставени и некои формули за табеларни пресметки со кои ќе добиете нови вредности и заклучоци од оние веќе што ги имате.

 

 

 

Од податоци до дијаграми: Вовед во графикони и во дијаграми

7Една слика кажува повеќе од илјада зборови, да но како од илјада зборови да добиеме слика? Овој дел ќе ви помогне во разбирањето на основните начини на визуелизирање на податоци кои може да се креираат со Google Spreadsheets.

 

 

 

Внимавајте! Чести грешки и недоразбирања и како да ги избегнете

8Не е сè лесно разбирливо во земјата на податоците.  Со овој курс ќе дознаете кои се честите грешки кои ги правиме при работата со податоците и како да ги избегнете. Курсот ќе ви помогне да избегнете недоразбирања, а како и полесно да ја препознавате вистинитоста во туѓите тврдења.

 

 

 

Како да ги забележите интересните информации сокриени во вашите податоци

9Податоците сами по себе некогаш се безначајни и досадни. Да ги разберете подобро треба да им додадете контекст. Во овој дел зборуваме за како да ги објавите вашите податоци. Исто така, ќе зборуваме и за тоа како да ги препознаете клучните работи во вашите податоци.

 

 

 

Потекло на податоци

10За да добиете кредибилен и одржлив проект со податоци потребно е константно, уште од самиот почеток, да ги бележите вашите чекори. Овој курс содржи совети, трикови и алатки кои ќе ви помогнат во тоа .

Comments are closed.