You are browsing the archive for Блог.

Повик за пријавување: Обука за визуелизација на податоци

- May 23, 2016 in Блог, Македонски

Obuka

Фондацијата Метаморфозис ги повикува сите заинтересирани новинари и претставници на граѓанскиот сектор да се пријават на претстојната обука за визуелизација на податоци. Учесниците ќе имаат можност да искусат напредна работа со отворени податоци, нивно преземање, анализа и визуелизација преку три бесплатни веб-алатки: Infogram, Quadrgram и Cartodb. Обуката ќе се одржи на 3 јуни, од 10 до 18 часот во ГЕМ клубот во Скопје. Сите учесници на обуката ќе можат да добијат бесплатни промо кодови за професионално користење на алатката Infrogram за 30 дена.

Обуката ќе се одржува на англиски јазик, а тренер ќе биде Игнаси Алкалде, член на Open Knowledge Foundation и активен член на School of Data мрежата. Игнаси предава на Универзитетот на Каталонија и е професор на пост-дипломските студии за интерактивни визуелизации на информации на УНИР Универзитетот.

Максималниот број на учесници е 20, а сите заинтересирани можат да се пријават со пополнување на следниот формулар. Агендата за настанот можете да ја видите на следниот линк.

Обуката ја организира Фондацијата Метаморфозис во соработка со Open Knowledge Foundation во рамки на проектот Мрежа на граѓански организации за отворени податоци, со поддршка од Британската амбасада во Скопје.

Целта на проектот е преку формирање на Школа за податоци – Македонија да ги поттикне граѓанските организации, медиумите и индивидуите кои поттикнуваат промени, да ги разберат и користат официјалните владини и другите отворени податоци со цел зголемување на одговорноста на владата, подобрување на испораката и услугите и зголемување на граѓанското учество во креирањето на политиките.

Flattr this!

Отворени податоци: Промовирани четири нови апликации

- March 1, 2016 in Блог, Македонски

PromoWebApp

Претставниците на македонските граѓански организации, новинарите и општо јавноста од денеска може на лесен и едноставен начин да ги анализира електронските јавни набавки во земјата преку новата веб-апликацијаopenprocurement.mk. Ова е само една од четирите веб-апликации со отворени податоци кои Фондацијата Метаморфозис ги промовираше денеска во ЕУ инфо центарот во Скопје.

Покрај системот за анализа на јавните набавки, кој го изработи граѓанската организација ИКТ за промени од Тетово, промовирана беше и веб-апликација која ги  анализира економските придобивки на Македонија од ИПАРД програмата, а беше изработена од страна на Институтот за рурален развој на заедниците – ИРРЗА и може да се најде на irrza.mk.

Третата веб-апликација ratemy.bar ја подготви ЗИП институтот од Скопје а нејзината цел е да детектира позитивни и негативни практики во угостителските објекти во Македонија кои служат храна и пијалоци.

И Коалицијата „Сите за правично судење“ изработија апликација за лесен пристап до податоците кои тие ги собираат од долгогодишното директно миниторирање на процедурите во македонските судови која може да се најде на otvorenosudstvo.org.mk.

Овие четири проектни идеи беа одбрани како најинвентивни и најкорисни на Конкурсот за поддршка на проекти поврзани со отворени податоци, кој беше објавен во јуни минатата година од страна на Фондацијата Метаморфозис во рамки на проектот Мрежа на граѓански организации за отворени податоци, кој го имплементира Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Open Knowledge, а со поддршка од Британската амбасада во Скопје.

promowapp1Амбасадорот на Британија, Чарлс Едмунд Герет, кој присуствуваше на денешниот настан и прв даде фидбек за промоцијата на веб-апликациите, рече дека отворените податоци се нова област која има директно влијание врз граѓаните, но дека треба дополнително да се истражува.

„Отворените податоци имаат директно влијание на одлуките на луѓето кои секојдневно ги прават и тоа на значителен начин. Овие апликации кои денеска беа промовирани преку овој проект ќе го променат животот на луѓето. Многу сум задоволен сум од резултатите што ги постигнаа тимовите“, рече Герет.

Бардил Јашари, директор на фондацијата „Метаморфозис“ вели дека преку отворените податоци ќе се зајакне довербата помеѓу граѓаните и институциите, а тоа ќе придонесе да се зајакне демократијата.

„Овој проект придонесува директно во остарувањето на мисијата на Метаморфозис а тоа е поддршка и придонес во подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните, а овие четири апликации го прават токму тоа. Овој проект е многу важен во услови кога довербата кон државните институции е на многу ниско ниво. Проектот придонесува преку отварање на тие институции довербата на граѓаните да се зајакне“, вели Јашари.

Фондацијата Метаморфозис, како резултат на заедницата за отворени податоци која ја гради во рамките на овој проект, работи на уште една веб-апликација за споредба на активностите на политичарите и политичките партии на социјалните мрежи, поточно Фејсбук.

Оваа апликација веќе се изработува и ќе биде готова до крајот на овој месец. Целта е да се види како се однесуваат политичарите на социјалните мрежи во предизборниот период.

Целта на проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“ е градење на капацитети на граѓански организации за промоција на отворена агенда, преку формирање на Школа за податоци – Македонија.

Проектот ги поттикнува граѓанските организации, медиумите и индивидуите кои поттикнуваат промени, да ги разберат и користат официјалните владини и другите отворени податоци со цел зголемување на одговорноста на владата, подобрување на испораката и услугите и зголемување на граѓанското учество во креирањето на политиките.

Целната група ќе се стекне со нови вештини кои ќе и помогнат во лоцирање, преземање, обработка, интерпретација и анализирање на податоци со цел наоѓање на докази, креирање на визуализации и пренесување на приказни со кои ќе ги поткрепат своите аргументи при залагањето за подобри услуги и политики.

Flattr this!

Четири нови веб-апликации со отворени податоци

- February 25, 2016 in Блог, Македонски

web-app promo

Фондацијата Метаморфозис, заедно со четири партнерски граѓански организации во вторник, на 1 март, во десет часот наутро ќе промовира четири веб-апликации базирани на отворени податоци.  Пректите претставуваат систем за истражување на јавните набавки, веб апликација за известување за услугите на угостителските објекти во Македонија, податоци за директните плаќања во земјоделството преку ИПАРД и база на податоци од резултатите од набљудувањето на судството во Македонија во текот на една деценија.

Граѓанските организации кои ги изготвија веб-апликациите се ИКТ за промени, Коалицијата „Сите за правично судење“, ЗИП институт и ИРРЗА. Тие со своите идеи беа победници на Конкурсот за поддршка на проекти поврзани со отворени податоци, како дел од проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“, кој го спроведува Метаморфозис, во партнерство со Open Knowledge, а со поддршка од Британската амбасада во Скопје.

На настанот воведно обраќање ќе одржи амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, н.е. Чарлс Едмунд Герет.

На конкурсот се јавија дванаесет граѓански организации со исто толку проектни идеи, а беа одбрани за финансиска поддршка четири: ИКТ за промени, Коалицијата „Сите за правично судење“, ЗИП институт и ИРРЗА.

ИКТ за промени од Тетово изработи веб-апликација наречена OpenProcurement или „Систем за истражување на јавните набавки во РМ“. Тие ги собираат податоците од електронскиот систем за јавни набавки, кои се јавно достапни, ги организираат и презентираат на начин кој е корисен за новинарите во Македонија, но и за сите заинтересирани кои ги следат јавните набавки.

Институтот за развој на рурален развој (ИРРЗА) од Скопје, работи на проектната идеја за Реален развој на руралните средини и земјоделството. Тие собираат податоци од Националната програма за ИПАРД проектите во Македонија, ги анализираат и презентираат на начин кој е лесно разбирлив за публиката.

ЗИП Институт од Скопје креира веб-апликација на речена „Rate.me – Систем за известување за услугите на угостителските објекти“, чија целта е да ги собере позитивните и негативните практики од угостителските објекти во Македонија каде се служат храна и пијалоци. Собираат податоци за издадени дозволи за угостителски објекти, категориите на кои тие им припаѓаат како на пример, ноќни клубови, барови, диско клубови, а воедно сакаат да ги вклучат и податоците за изречените казни за угостителските објекти и за инцидентите кои се случиле на овие места вклучувајќи ги и повредите на законските норми.

Коалицијата на здруженија на граѓани – „Сите за правично судење“ изработи проект базиран на отворени податоци за транспарентно судство. Тие ја дигитализираат и отвараат нивната веќе постоечка база на податоци од деценискиот мониторинг на судството во Македонија.

Flattr this!

Повик за пријавување: Обука за новинарство засновано на податоци

- November 12, 2015 in Блог, Македонски

 

Obuka 1

Што се Отворени податоци, како да ги лоцирате, преземете, анализирате и визуелизирате преку интерактивни веб-алатки и како да ја поткрепите вашата работа со докази врз база на точни статистички податоци. Ова се само дел од прашањата кои ќе бидат одговорени на обуката за новинарство засновано на податоци, што ќе се одржи на 28 и 29 ноември во Скопје, од 10 до 16 часот во просториите на Coffice.

Обуката ќе се одржува на англиски јазик, а тренер ќе биде Марко Тулио Пирес, програмски менаџер на School of Data во рамките на Open Knowledge Foundation. Сите заинтересирани треба да го пополнат следниот формулар.

Обуката ја организира Фондацијата Метаморфозис во соработка со Open Knowledge Foundation во рамки на проектот Мрежа на граѓански организации за отворени податоци, со поддршка од Британската амбасада во Скопје.

Целта на проектот е преку формирање на Школа за податоци – Македонија да ги поттикне граѓанските организации, медиумите и индивидуите кои поттикнуваат промени, да ги разберат и користат официјалните владини и другите отворени податоци со цел зголемување на одговорноста на владата, подобрување на испораката и услугите и зголемување на граѓанското учество во креирањето на политиките.

Flattr this!

Отворените податоци – заеднички интерес на граѓанските организации и медиумите

- November 6, 2015 in Блог, Македонски

meetup

Фондацијата Метаморфозис и Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) организираат неформална средба на граѓански организации, новинари и заинтересирани граѓани, каде што ќе се дискутира за важноста на отворените податоци и за можностите за соработка по овие прашања меѓу граѓанскиот сектор, граѓаните и медиумите.

На настанот ќе се дискура јавниот интерес за што поголем број отворени податоци во Македонија, потенцијалот и постојните иницијативи за поврзување на граѓанските организации и медиумите по овие прашања. Учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе информации за базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“, која опфаќа податоци за преку 130 објекти изградени во рамките на владиниот проект „Скопје 2014“, добиени преку пристапот за информации од јавен карактер коишто преку оваа база на податоци се достапни за натамошна употреба.

Настанот ќе се одржи на 10 ноември (вторник) со почеток од 17:30 часот во просториите на Coffice. Ги покануваме сите заинтересирани граѓани, претставници на граѓанскиот сектор и новинари да го потврдат своето учество на настанот преку пријавување на следниве адреси: dona @ metamorphosis.org.mk и riste.zmejkoski @ birn.eu.com.

Средбата е организирана во рамките на Проектот мрежа на граѓански организации за отворени податоци, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис, поддржан од Британската амбасада во РМ, а спроведуван во партнерство со Open Knowledge Foundation и Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор, имплементиран од БИРН како дел од Програмата на УСАИД за јакнење на независните медиуми во Македонија.

Flattr this!

Метаморфозис и Ministry of Data со повик за Отворени податоци

- October 19, 2015 in Македонски

Фондација Метаморфозис е дел од проектот Ministry of Data (Министерство за податоци) кој претставува регионален предизвик за проекти со отворени податоци во земјите од југоисточна Европа. Овој проект е создаден во партнерство со Министерството за финансии на Република Словачка, УНДП и невладината организација од Словачка – SOVVA.

Идејата за Ministry of Data доаѓа од забележаниот зголемен интерес за отворените податоци низ земјите на западен Балкан, како и од ентузијазмот на кибер-заедницата за вклучување во процесите за предизвикување на социјални промени.

Screen Shot 2015-10-19 at 6.39.28 PM

Сите заинтересирани од земјите во Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, се повикани да аплицираат со свои идеи за анализи и визуелизации на податоците за финансиите во овие земји, кои од Ministry of Data ги ставаат на располагање на корисниците.

Тоа е можност за сите оние кои ги сакаат податоците и кои сакаат да разберат на кој начин владите во Југоисточна Европа ги трошат парите на даночните обврзници. Идејата е да се обработат податоците кои ни ги правиме достапни за некое јавно добро: ако вие најдете начин како сето тоа да изгледа логично, и граѓаните ќе го направат истото. Визуелизации/анализи, мобилни апликации и други е-решенија се добредојдени. Можете да добиете парична награда и менторски шеми подготвени само за вас и вашиот тим.

Предизвикот е да се развие MIT лиценцирана алатка врз база на отворени податоци, која ќе биде јавно достапна и ќе им помогне на граѓаните подобро да ја надгледуваат работата на владата.

Фокусот оваа година е на јавните финансии, а предизвикот е отворен за сите кои имаат над 18 години.

Можете да ги користите податоците кои се веќе додадени на нивната веб-страница преку партнерите од Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Македонија, Словачка, но и податоците од Светската банка. Но, исто така, сите се охрабрени да најдат дополнителни извори на релевантни податоци.

Всушност, што повеќе податоци има во вашето решение, тоа се поголемио шансите да победите на предизвикот. Така што прв чекор би бил проверка на податоците, второ изградба на тимот кој ќе работи и трето апликација со идеја до 1 ноември 2015 година.

Можат да аплицираат студенти, старт-апи, развиени бизниси, активисти и претставници на граѓанскиот сектор, или уште подобро, микс од повеќе категории. По процесот на селекција, четирите најдобри тимови ќе бидат поканети на подготвителен семинар во Нова Горица во Словенија. На крајот, победничкиот тим ќе добие 10.000 САД долари како награда.

Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата: ministryofdata.info и на Фејсбук и Твитер.

Flattr this!

Обука за отворени податоци со претставници од ЗИП Институтот

- October 8, 2015 in Блог, Македонски

3c4973a993a3b925d319d45095dd081eca32265db8f5c24e5b1245f2b8ce60b8

Основи на Отворените податоци, пронаоѓање, чистење и анализа на податоци во Ексел и визуелизација на податоци се темите кои беа опфатени на последната еднодневна обука на Претставници на ЗИП Институтот во просториите на Фондацијата Метаморфозис.

Обуката се одржа како подготовка за реализација на предлог проектот на ЗИП Институтот: „Rate.me – Систем за известување за услугите на угостителските објекти“ со кој беа победници на Конкурсот за поддршка на проекти поврзани со отворени податоци кој го објави Фондацијата Метаморфозис. Целта е да ги соберат позитивните и негативните практики од угостителските објекти во Македонија каде се служат храна и пијалоци. Потребни им се податоците за издадени дозволи за угостителски објекти, категориите на кои тие припаѓаат како на пример, ноќни клубови, барови, диско клубови итн.

Воедно сакаат да ги вклучат и податоците за изречените казни за угостителските објекти и за инцидентите кои се случиле на овие места вклучувајќи ги и повредите на законските норми.

Покрај ЗИП, добитник на Конкурсот е и идејата на ИКТ за промени, кои ќе работат на проектот наречен „Data journalism – Систем за истражување врз основа на јавните набавки во РМ“. Тие предложија да ги собираат податоците од електронскиот систем за јавни набавки, кои се јавно достапни, да ги организираат и презентираат на начин кој ќе биде корисен за новинарите во Македонија.

Коалицијата на здруженија на граѓани – „Сите за правично судење“ ќе работи на проект базиран на Отворени податоци за транспарентно судство. Тие веќе поседуваат своја база на податоци од 12 годишниот мониторинг на судството во Македонија која сакаат да ја отворат и да ја направат јавно достапна преку изградба на нова веб-страница.

3fbc2e0cf5d6324ec1da49e2024d7337ed5ea4d4c5aed86ff568726dfba83bdaИнститутот за развој на руралните заедници – ИРРЗА, за чии потреби веќе беше одржана обука, ќе собира податоци од Националната програма – директни плаќања во земјоделството и ИПА-ИПАРД проектите во Македонија, кои потоа ќе ги сортира, анализира и објави на нивната веб страница.

Конкурсот е во рамки на проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“, кој се спроведува во соработка со Open Knowledge Foundation, а чија цел е градење на капацитети на граѓански организации за промоција на отворена агенда, преку формирање на Школа за податоци – Македонија.

Flattr this!

TEDxBaSSalon за отворени податоци и хакерското движење

- September 27, 2015 in Блог, Македонски

Петтиот по ред TEDxBaSSalon настан на тема “Open Data & the Hacking movement” се одржа во просториите на Бизнис академија Смилевски. Беа споделени успешни примери за искористување на отворените податоци (open data), едуцирање на учесниците за предностите на „граѓанското хакирање“, отворениот пристап на информации и хакирањето како алатка за решавање на нашите секојдневни и општествени проблеми.

tedxsalon2Според Ратко Трајковски, кој учествуваше на настанот, ова е одлична можност за млади интелектуалци кои сакаат да ги прошират своите хоризонти. „Содржината на дискусиите, дебатите, па и несогласувањата се одличен материјал за сите “food for thought” зависници“, вели Ратко.

Со него се согласува и Бојан Ристовски, кој смета дека на овој начин се споделуваат идеи кои сплотуваат. „Во кратки црти: носи зближување на интелектуалци и луѓе со огромно искуство како и будење на граѓанска иницијатива“, вели Бојан.

tedxsalon1Почесни гости на настанот беа м-р Предраг Тасевски, основач на Cybersecurity.mk, Горан Ризаов и Дона Џамбаска, претставници на Фондацијата Метаморфозис, а модератор беше Дамјан Николовски.

На настанот беа прикажани TED говори поврзани со open data & the hacking movement, а по секој од нив почесните гости и публиката дискутираа на темите и споделуваа идеи.

Flattr this!

Се одржа обука за отворени податоци и визуелизација на податоци

- September 24, 2015 in Блог, Македонски

Претставници на Институтот за развој на руралните заедници присуствуваа на еднодневна обука за Отворени податоци во просториите на Фондацијата Метаморфозис. Тие имаа можност да се запознаат со основите на отворените податоци, како и онлајн алатки за визуелизација на податоците.

Обуката се одржа како подготовка за реализација на предлог проектот на ИРРЗА – Реален развој на руралните средини и земјоделството со кој беа победници на Конкурсот за поддршка на проекти поврзани со отворени податоци кој го објави Фондацијата Метаморфозис.

ИРРЗА ќе собира податоци од Националната програма – директни плаќања во земјоделството и ИПА-ИПАРД проектите во Македонија, кои потоа ќе ги сортира, анализира и објави на нивната веб страница.

obuka5

Покрај ИРРЗА, добитник на Конкурсот е и идејата на ИКТ за промени, кои ќе работат на проектот наречен „Data journalism – Систем за истражување врз основа на јавните набавки во РМ“. Тие предложија да ги собираат податоците од електронскиот систем за јавни набавки, кои се јавно достапни, да ги организираат и презентираат на начин кој ќе биде корисен за новинарите во Македонија.

ЗИП Институт од Скопје, пак, доби поддршка за проектот преку кој ќе се креира веб апликација на речена „Rate.me – Систем за известување за услугите на угостителските објекти“. Целта е да ги соберат позитивните и негативните практики од угостителските објекти во Македонија каде се служат храна и пијалоци. Потребни им се податоците за издадени дозволи за угостителски објекти, категориите на кои тие припаѓаат како на пример, ноќни клубови, барови, диско клубови итн. Воедно сакаат да ги вклучат и податоците за изречените казни за угостителските објекти и за инцидентите кои се случиле на овие места вклучувајќи ги и повредите на законските норми.

obuka7

Коалицијата на здруженија на граѓани – „Сите за правично судење“ ќе работи на проект базиран на Отворени податоци за транспарентно судство. Тие веќе поседуваат своја база на податоци од 12 годишниот мониторинг на судството во Македонија која сакаат да ја отворат и да ја направат јавно достапна преку изградба на нова веб-страница.

Конкурсот е во рамки на проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“, кој се спроведува во соработка со Open Knowledge Foundation, а чија цел е градење на капацитети на граѓански организации за промоција на отворена агенда, преку формирање на Школа за податоци – Македонија.

Flattr this!

Резултати од конкурсот за проекти поврзани со отворени податоци

- July 30, 2015 in Блог, Македонски

scoda1

Систем за истражување на јавните набавки, веб апликација за известување за услугите на угостителските објекти во Македонија, податоци за директните плаќања во земјоделството и база на податоци од резултатите од набљудувањето на судството во Македонија во текот на една деценија. Ова се четирите проекти кои беа одбрани на Конкурсот за поддршка на проекти поврзани со отворени податоци, кој го објави Фондацијата Метаморфозис.

На конкурсот се јавија дванаесет граѓански организации со исто толку проектни идеи, а беа одбрани за финансиска поддршка четири: ИКТ за промени, Коалицијата „Сите за правично судење“, ЗИП институт и ИРРЗА.

ИКТ за промени од Тетово ќе работи на проектот наречен „Data journalism – Систем за истражување врз основа на јавните набавки во РМ“. Тие предложија да ги собираат податоците од електронскиот систем за јавни набавки, кои се јавно достапни, да ги организираат и презентираат на начин кој ќе биде корисен за новинарите во Македонија.

Институтот за развој на рурален развој (ИРРЗА) од Скопје, предложи проектна идеја за Реален развој на руралните средини и земјоделството. Тие ќе собираат податоци од Националната програма – директни плаќања во земјоделството и ИПА-ИПАРД проектите во Македонија.

ЗИП Институт од Скопје има намера да креира веб апликација на речена „Rate.me – Систем за известување за услугите на угостителските објекти“. Целта е да ги соберат позитивните и негативните практики од угостителските објекти во Македонија каде се служат храна и пијалоци. Потребни им се податоците за издадени дозволи за угостителски објекти, категориите на кои тие припаѓаат како на пример, ноќни клубови, барови, диско клубови итн. Воедно сакаат да ги вклучат и податоците за изречените казни за угостителските објекти и за инцидентите кои се случиле на овие места вклучувајќи ги и повредите на законските норми.

Коалицијата на здруженија на граѓани – „Сите за правично судење“ ќе работи на проект базиран на Отворени податоци за транспарентно судство. Тие веќе поседуваат своја база на податоци од 12 годишниот мониторинг на судството во Македонија која сакаат да ја отворат и да ја направат јавно достапна преку изградба на нова веб-страница.

Добитниците на конкурсот веќе испратија детални планови за активности во следните шест месеци во кои треба да се реализираат проектите. Кон крајот на овој месец тие ќе учествуваат на заеднички настан на кој ќе имаат можност јавно да ги презентираат проектните идеи и да работата на нивното дооусовршување.

Активностите ќе опфатат испраќање на официјални барања за слободен пристап до информации до надлежните институции, обуки за пронаоѓање, анализа, обработка и презентација на податоците, а ќе се одржат и три дата експедиции.

Конкурсот е во рамки на проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“, кој се спроведува во соработка со Open Knowledge Foundation, а чија цел е градење на капацитети на граѓански организации за промоција на отворена агенда, преку формирање на Школа за податоци – Македонија.

Flattr this!