Промовирана веб-страницата Школа за податоци – Македонија

June 4, 2015 in Блог, Македонски

DON_5761

Концептот на отворени податоци е генератор на просперитетот и демократизацијата на општеството, рече амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Чарлс Едмунд Герет на денешната промоција на веб-страницата на Школа за податоци – Македонија.

Таа нуди константна поддршка на граѓанските организации, новинарите и сите заинтересирани граѓани во употреба на податоците како дел од проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“, кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис во партнерство со фондацијата Open Knowledge, а е поддржан од Британската амбасада во Македонија.

DON_5762„Можноста цивилното општество да побара податоци кои се релевантни за јавните политики и постапки е суштинска за владеењето на демократијата“, рече Герет на промоцијата.

Британскиот амбасадор потенцираше дека отворените податоци се „двонасочна улица“ – од една страна владите и институциите ја зголемуваат транспарентноста, а од друга, граѓанското општество го зголемува своето учество во процесот на донесување одлуки и го потенцира гласот на маргинализираните групи.

„Овој проект се темели врз претходниот ангажман на Велика Британија во оваа област низ т.н. „Партнерство за отворена влада“ и се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и ќе влијае врз зголемување на транспарентност на владата и на зголемување на учеството на граѓаните во преиспитувањето на владините активности и информираноста при донесувањето на одлуките.

DON_5774Директорот на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари додаде дека пристапот до податоците е битен за двете страни, бидејќи „им помагаат на граѓаните да се изедначат во знаењето со политичарите кои ги имаат во секое време на располагање податоците од државните институции“.

На настанот беа присутни триесетина претставници од граѓански здруженија, асоцијации и медиуми, но и заинтересирани поединци. Како што рече Дона Џамбаска од Фоднацијата Метаморфозис, на веб-страницата можат да се најдат курсеви за основи на податоци, како и информации за алатки и апликации за употреба и обработка на податоци.

DON_5781-1024x680„Ако која било граѓнска организација има потреба од одреден курс/обука за некоја вештина, ние ќе го најдеме/адаптираме, или, пак, креираме таквиот курс, а подоцна и ќе го споделиме со нив“, истакна Џамбаска.

Покрај веб-страницата, беше промовиран и Конкурс за поддршка на проекти поврзани со отворени податоци. Рокот за пријавување е до 22 јуни, а сите граѓански организации можат да аплицираат со конкретна идеја за проект поврзан со отворени податоци. По завршувањето на конкурсот, ќе бидат селектирани четири проекти кои ќе добијат поддршка од Фондацијата Метаморфозис за нивно спроведување.

Повеќе фотографии од настанот се достапни на овој линк.

Конкурсот за поддршка на проекти поврзани со отворени податоци е достапен на овој линк.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *