Одбележување на денот на отворените податоци

February 18, 2015 in Блог

Денот на отворените податоци претставува собир на поединци, организации и новинари низ целиот свет кои ќе имаат можност да дискутираат, научат повеќе и да споделат искуства за употребата на различните типови на отворени податоци.

насловна-opendataday3

Метаморфозис ве поканува да бидете дел од првото одбележување на Денот на отворените податоци во Македонија, на 21 февруари во ГЕМ клубот со почеток во 12 часот. Ќе имаме шанса да поразговараме за моменталната состојба со отворените податоци кај нас и во светот, да споделиме неколку успешни приказни и да подискутираме за актуелноста и важноста на отворените податоци.

Меѓу другото, ќе ја споделиме и можноста за аплицирање на конкурсот за добивање на 9 месечна стипендија од програмата School of Data (Школа за податоци) на Open Knowledge Foundation.

Вашето присуство потврдете преку е-Пошта, телефонски или преку приклучување на Фејсбук настанот.

Лице за контакт:

Дона Џамбаска

е-Пошта: [email protected]

Телефон: 02/ 3109 325

Мобилен телефон: 070/ 956 534

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *